Глумицата Кетрин Фиоре (33), позната по улогата “Невозможна мисија”, итно е породена со царски рез по кој добила големо крварење и органите почнале да и откажуваат.
Кетрин на свет ја донела малата Алис. Во текот на породувањето нејзината состојба и состојбата на нејзината ќерка се искомплицирале.
Малата Алис имала проблеми со дишењето, додека Кетрин изгубила многу крв, поради што се онесвестила и органите почнале да и откажуваат.
Во опасност биле срцето, белите дробови, бубрезите и црниот дроб кои престанале да функционираат, а заради слаб проток на крв и можноста за згрутчување во опасност и биле и екстремитетите.
Малата Алис била на лекување 10 дена, а сега е дома со нејзиниот татко.
Состојбата на Кетрин е сега подобра но ќе и биде потребна посебна медицинска нега и лекување.
