Можете да ги купите во текот на целата година, да ги подготвувате на различни начини, вкусни се, го стимулираат апетитот, а исто така имаат и висока хранлива вредност. На научниците и нутриционистете им е познато дека шампињоните имаат антиканцероген ефект. Шампињоните се еден од најпознатите видови печурки, имаат карактеристичен мирис и вкус и се повеќе се присутни во секојдневната исхрана.
Овие печурки се многу вкусни и се присутни во многу јадења, од пици, па се до салати и сосеви. Шампињоните ја стимулираат активноста на критичните клетки кои се наоѓаат во имунолошкиот систем. Тие се производители на бели крвни зрнца познати како Т-клетки кои се од суштинско значење за здрав и силен имунитет. Исто така играат голема улога во борбата против ракот.
Против рак на дојка
Научниците тврдат дека ефектот кои го постигнуваат шампињоните е поврзан со количината која ја внесувате, односно, повеќе шампињони- посилен имунитет. Овие популарни и лесно достапни печурки се корисни за превенција и терапија кај ракот на дојката. Со само 100грама шампињони дневно можете да го сопрете развојот на ракот кај докјката.
Калории и хранлива вредност
100 грама шампињони содржат само 26kcal , и големо количество на протеини. Препорачливи се за луѓе кои имаат посебен режим на исхрана, како што се дијабетичарите.
Што содржат шампињоните?
Свежи или варени, шампињоните се добар извор на диетални влакна. Содржат повеќе витамини, како што се Д, Б, А, Е и многу калиум, фосфор, железо и други елементи кои се потребни за човечкиот организам.
Како да ги подготвите, купите и чувате?
Шампињоните кои ќе ви останат од ручекот не е добро да ги ставате во фрижидер, бидејќи оксидираат и го менуваат вкусот. Доколку сакате да ги затоплите, тоа правете го исклучиво во микробранова печка. При купување избегнувајте шампињони кои ја изгубиле влагата, кои се меки или пак имаат некакви оштетувања на површината. Земете ги само оние кои имаат цврста структура.
