На ексклузивниот Јупитер остров во Флорида, се наоѓа овој луксузен имот во сопственост на пеачката Селин Дион…
Се состои од една главна резиденција и пет индивидуални павилјони, кои вклучуваат гостинска куќа со 4 спални соби, куќа со симулиран терен за голф, куќа покрај базенот со одвоена кујна и куќа за опуштање на плажата со удобен простор за одмор и соба за масажа.
Главното ниво има голема дневна соба со искривени тавани, голема кујна, како и помала со одвоен простор за седење, семејна соба, луксузна трепезарија, медиска соба во потполност одвоена и опремена за гости.
На вториот спрат од оваа огромна вила се наоѓаат детските соби со сопствени бањи, детска работна соба и спектакуларна главна спална соба. Главниот апартман има тераса со поглед кон океанот.