Пејачката Гвен Стефани е бремена со своето трето дете, соопштуваат америчките медиуми. Вокалистката на рок групата Ноу Даут и нејзиниот сопруг, фронтмен на групата Буш, веќе имаат два сина, Кингстон (7) и Зума (5). Стефани ќе го роди своето трето дете на 43 –годишна возраст.
“Двајцата со Гвен се многу среќни”, соопшти запознаен извор. Стефани ужива успешна музичка кариера, а на почетокот на годината стана и моден дизајнер, претставувајќи колекција на ски облека во соработка со брендот “Бартон”.