ШоуБиз

Хајди Клум избегна семејна трагедија!

Германската манекенка Хајди Клум го спасила животот на својот син кој за малку ќе се удавел кога го потопил огромен бран.

Одморот на Хаваите за убавата манекенка за малку ќе се претворел во семејна трагедија. Хајди раскажала како нејзиниот син и неговите две дадилки ги потопил огромен бран, по што таа и нејзиноит дечко, како и еден член од обезбедувањето скокнале во вода да ги спасат.

–          Како мајка бев многу исплашена за своето дете, но и за останатите – рекла Хајди и додала дека имала среќа бидејќи нејзиниот син многу добро плива.

За среќа, сите успеале да се спасат.

 

Напиши коментар