Супермоделот Хајди Клум веќе не пројавува интерес кон бракот, откако се раздели со сопругот Сил минатата година. Изгледа разделбата ја нарушила верата на Хајди во важноста на брачната институција.
„Не сметам дека ќе се омажам повторно…Сакав да го зачувам споменот од свадбата со Сил жив секоја година. Поради тоа помислив дека ќе е забавно да го обновувам заветот секоја година повторно и повторно. Но сега не сметам дека тоа е толку важно. Не сум гневна за ништо, но не сметам дека пак би се решила за брак. Можеби и ќе размислам ако сум со некој 15-20 години и решиме да се забавуваме на стари години…но веќе не брзам“, раскажува манекенката за спиранието Мари Клер.