← НАЗАД НА БОЗА

Хималајска сол- Најздрава сол во светот!

Хималајска сол- Најздрава сол во светот!
1365 Читања

Хималајската сол е единствената сол која има совршена кристална структура. Поради кристалната структура нашето тело без напор, лесно и едноставно ги апсорбира сите вредни минерали и елементи. Хималајската сол е најчиста сол во светот која е богата со 84 елементи и минерали.

Потекнува од подножјето на Хималаите, рачно се меле, мие и суши на сонце, се со цел да се задржат сите вредни состојки. Традиционално, хималајската сол била наменета само за кралевите и до ден денес се нарекува бело злато.

Најквалитетните кристали се користат како готварска сол. Поголемите кристали се користат за производство на масла за капање. Солта се покажала многу ефикасна во лекувањето на реума, асма, различна форма на алергии и различни кожни болести. Може да се користи и при инхалација, воспаление на грло и при лекување на бронхит.

Хималајската сол е препознатлива по розoвата боја, а тоа ни укажува дека е богата со разни минерали.

Се верува дека хималајската сол:

–          Го регулира нивото на вода во организмот

–          Го уништува вишокот на киселина во организмот

–          Ги прочистува белите дробови

–          Ги прочистува синусите

–          Го снабдува телото со хранливи состојки

–          Ја апсорбира храната во желудникот

–          Го регулира крвниот притисок

–          Ги штити бубрезите и жолчката

–          Помага при релаксација и здрав сон

–          Ја одржува цврстината на коските

–          Го подмладува телото

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk