Здраво тело

Храната и стресот: неколку здрави намирници кои ќе ви помогнат да се опуштите

Наместо да барате утеха во калоричната храна, поради која ја зголемувате телесната тежина, и на крајот повторно сте под стрес, пробајте ги следниве здрави намирници кои природно ке ве опуштат.

1 . Чај

Зелениот чај ја намалува нервозата и го подобрува сонот, додека црниот придонесува за намалување на стресот и полесно опуштање.

2 . Темно чоколадо

Доколку сакате да го подобрите вашето расположение со нешто слатко, темното чоколадо е убедливо најдобриот избор. Како и чајот така и темното чоколадо содржи антиоксиданси кои се познати по своите опуштачки својства.

3 . Мрсна риба

Лососот, туната и другите риби се богати со омега-3 масни киселини, кои го спречуваат покачувањето на хормонот за стрес во проблематичните ситуации.

4 . Зелениот зеленчук

Магнезијумот, кој може да се пронајде во зеленчукот како што е спанаќот, им помага на мускулите да се опуштат и ги смирува нервите.

5 . Цитрусното овошје

Студиите од 2002 година покажале дека луѓето многу побрзо се опоравуваат од стресни ситуации кога земаат суплемент од витаминот Ц. Кај нив крвниот притисок многу побргу се намалува, во однос  на оние кои не користеле витамин Ц. Портокалот е вистински избор.

Напиши коментар