Убавина

И повторно јаболка и мед во служба на убавината

Не смо што е вкусна за јадење, и одлична за вашето здравје, јаболката е добра и за вашето лице и убавина. Доколку патите од умор, стрес и недоволно затегната кожа, тогаш маската од јаболка и мед е најдобро решение за вас. Јаболката содржи витамини А, Б и Ц, кои ја пилингуваат кожата, имаат антиоксидантски карактеристики и помагаат при нега на осетливата кожа.

Јаболката исто така ги отвора и ги чисти порите, а во комбинација со медот кој е антибактериски, помага да ја задржите влажноста и младоста на вашата кожа.

За подготовка на маската од јаболка, потребно ви е:

1 јаболка

2 лажици мед

1 жолчка

1 лажица масло

Јаболката излупете ја и одстранете и ги семките, па исечете ја на коцки и ставете ја во блендер да се сомеле. Потоа додадете го медот, жолчката  и маслото  и мешајте додека да добиете изедначена смеса. Оваа смеса нанесете ја на лице и оставете да делува 15 минути.

Со редовна употреба, 2 пати неделно, за само еден месец ќе ги видите резултатите. Вашата кожа ќе биде мека на допир, сјајна и затегната.

Напиши коментар