За пет години 32 годишната Марија Росалес успеална да ја намали својата тежина за неверојатни 380 килограми.
Се започнало кога Марија била обвинета за убиство. Наводно, во 2008 година таа го згмечила и усмртила двегодишниот внук Елиас. Судскиот епилог имаше среќен крај за Марија, кога нејзината сестра признала дека психо-физички го малтретирала сопственото дете и била осудена на 15 години затвор.
Како што објаснува Марија, нејзиниот живот бил драма. Ни сама не знае како живеела со тие килограми. Животот и бил полн со тага и живеела со помош на нејзините пријатели.
По обвинението за убиство, Марија им објавила војна на килограмите. Денес има 90 килограми и живее нормално како и сите останати жени кои се на нејзина возраст.
