Прекрасниот имот се наоѓа во Snowmass Village градчето во Колорадо. Сместен далеку од буката и загадениот воздух , во вистинско идилично окружување. Поседува главна и гостинска вила со прекрасен поглед… главната зграда се простира на 2100 метри квадратни, а поседува 5 спални соби, 8 бањи, дневна соба со романтичен ентериер, кујна опремена со најсовремена технологија, канцеларија, мини спа, гаража со капацитет за 6 автомобили, теретана… Гостинската вила се простира на 300 метри квадратни. Поседува 2 спални соби, 3 бањи, 2 гаражи…
Имотот овозможува бројни активности како што се планинарење, ловење риби, скијање…