Во светот постојат илјадници архипелази и острови, некои од нив отворени за туризам, а други приватни засолништа на личности со многу пари.
Погледнете некои од најпознатите прекрасни приватни острови во светот.
Nikoi Island Resort
Шестмина странци одлучиле да направат пари од овие 15 хектари, со чисти плажи и тропска вегетација на брегот на Сингапур, во близина на Индонезија. Тие го создаваат Nikoi Island Resort за луѓе со пари, кои бараат осаменост. Цените почнуваат од 170 долари за ноќевање. Во хотелот гостите можат да го гледаат зајдисонцето додека вечераат и пијат исклучителни вина, да ги користат огромните базени и затскриените плажи.


Diamond Cay
Во заливот на Хондурас, близу до бреговите на Белиз и Гватемала, Diamond Cay е рај за нуркачите, бидејќи ова е вториот по големина корален гребен во светот. Во кристалните води среќно коегзистираат стотици видови тропски риби.

Lyford Cay
Островот Liford Cay се наоѓа на Бахамите. Има изградено луксузна куќа, која се состои од 10 соби кои се изнајмуваат за туристи.

Amanpulo
Најмалиот остров на Филипините е неверојатен тропски рај со убави плажи. Островот е кон одморалиштето Аман, а туристите се превезуваат со приватен авион од Манила. Хотелот располага со бројни куќички во типичен филипински стил, распространети помеѓу плажата и дрвјата.


