Здраво тело

Имунолошка бомба против настинка и грип

Премногу високите температури, па нивното нагло намалување, можат да предизвикаат разни тегоби. Освен главоболка и умор ваквото време може да донесе развој на многу вируси кои предизвикуваат паѓање на имунитетот.

Доколку ви е преку глава од разните лекови против настинка и со задоволство би побарале помош во природата, можеби решението ќе го пронајдете во овој едноставен и вкусен пијалок .

Магичниот пијалок од шест докажани борци против настинка и грип ќе го зајакне вашето тело.

Состојки:

* 6 лимони

* 1 големо чешне лук

* 2 лажици ѓумбир во прав

* 2 лажици мед

* 3 филџани сок од ананас

* 1/4 лажиче чили во прав

Подготовка:

Исцедете сок од 6-те лимони па ставете го во блендер. Потоа додадете ги и останатите состојки.

Блендирајте ги додека не добиете хомогена течност.

Ставете ја добиената течност во стаклено шише и оставете го во фрижидер.

Секој ден конзумирајте по четири чаши од овој пијалок.

Write A Comment