Сивата боја е водечки тренд, и тоа онаа нијанса која се прелева во беж, која модна куќа Chanel ја направи популарна. Актуелни се и останатите нијанси на сива боја, кафена и беж комбинација, а најдобро од се е дека овие бои одговараат на секој облик и должина на ноктите.
Металик нијансите. Доколку сте од оние на кој им здосади класиката од црвени нокти или романтичниот French маникир, ќе ве израдува веста дека металик боите на лакови се прав хит за оваа сезона. Враќањето во 80-те е апсолутен хит.
Секогаш модерната црвена. Црвениот лак за нокти е секогаш добар избор, особено доколку сакате да го нагласите својот сексапил. Сите нијанси, почнувајќи од најтемните до пастелните, совршено одговараат со секој стил.