Освен по раса, религија и националност луѓето се разликуваат и според нијансите на својата аура. Аурата е енергетско поле кое макар и невидливо за голо око постои околу секој човек и има овална форма. Таа ја одразува како духовната енергија на телото, така и здравјето, емоционалната и психичката состојба на индивидот. Децата чија аура има слична на индиго боја се наречени со општоприфатениот псевдонаучен термин „индиго деца“.
Првите обиди за фотографирање на аурата се направени во почетокот на минатиот век од Никола Тесла, а после тоа и од руските научници – брачниот пар Кирлиан. Седум десетилетија покасно се создадени специјални аура камери кои го снимаат не само енергетското поле околу човечкото тело но и промените кои настапуваат во него под влијание на надворешната средина и начинот на живот.
Се смета дека индиго децата се претставници на повисока состојба на човечката еволуција што се поврзува со силно развиена интуиција и паранормални способности.
Тие имаат способност да ги чувствуваат мислите и намерите на останатите, распознаваат изговорена лага и вистина. Се смета дека имаат исто така телепатски дарби.
Индиго децата се многу емоционални суштества со јасно чувство дека треба да бидат промената во светот. Се одликуваат со здрава воља, независен начин на мислење, при што избираат сами да ја управуваат судбината на својот живот без да се раководат од туѓото мислење.
Индиго поколението е различно и неговата уникатност се чувствува од страна на обичните деца и возрасни. Често медицината ги дијагностицира како пациенти со хиперактивно растројство, со дефицит на внимание, опсесивно-компулсивно растројство, дислексија и потешкотии во образованието. Се забележува тенденција дека во присуство на луѓе што не се од нивниот сој стануваат дистанцирани и некомуникативни.
Повеќето од нив имаат изострено чувство за правда и не трпат измама, манипулација, некоректно однесување и власт. Склони се кон депресија, инсомнија и кошмари. Често претерано драматизираат и го преживуваат многу поемоционално разочарувањето.
Кога се заобиколени од многу негативни емоции, гнев, шумни места, децата индиго стануваат дисбалансирани и интровертни, тешко комуницираат и споделуваат.
Пред се, на индиго децата не треба да се гледа како на претставници од друга димензија. Со нив треба да се однесуваме како со обични деца, зошто во спротивен случај им придаваме премногу надприродни способности што нема да се одрази благопријатно на нивната чувствителна природа.