Art & Crafts

Инспиративни цитати за позитивен живот

Ние луѓето имаме склоност да западнеме во состојба на депресија. Се случува, но понекогаш со неколку мудри зборови можат да ни помогнат да се разбудиме.

Неколку инспиративни цитати никогаш не се излишни! Затоа еве една порција токму такви…

“Понекогаш добрите нешта си одат, за да дојдат најдобрите”.

“Никогаш нема да бидеш тој што сакаш да бидеш, ако продолжиш да ги обвинуваш другите за она што си”.

“ Најмногу болна работа е да си толку зафатен да сакаш некого,и така да заборавиш дека и ти си посебен”.

“Ако некој сака да е дел од твојот живот, тоа ќе ти го покаже. Јасно! Размисли добро пред да одвоиш место во твоето срце за луѓе кои нема ни да се обидат да останат таму”.

“Не е важна цената, туку вредноста”.

“Ако натераш човек да се насмее, ќе го промениш светот. Можеби не целиот свет, но неговиот сигурно”.

“Не слушај што зборуваат луѓето-гледај што прават”.

“Животот е 10 % она што ти се случува,и 90% како ти го гледаш”.

“Не можеш да го промениш она, со кое одбиваш да се соочиш”.

“Со текот на времето стануваме свесни дека не е важно да имаме многу пријатели, важно е тие да се вистински”.

“Да се предадеш не секогаш значи дека си слаб-понекогаш тоа значи дека си доволно силен и мудар да се откажеш”.

“Да се вљубиш не е сопствен избор, но да останеш вљубен е”.

“Без разлика колку патит грешиш или колку бавно напредуваш. Ти си остануваш пред сите, кои дури не се обиделе”.

“Понекогаш луѓето не забележуваат што другите прават за нив, се додека не престанат”.

“Биди свој! Да се обидуваш да личиш на некој друг значи да го трошиш она што си”.

Напиши коментар