Мојата кујна

Италијанска салата со компир

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос.
Потребни состојки
1 кг компири
2 главици кромид
1 конзерва сардини
4 јајца
1 лажица сенф
сол, бибер
масло за јадење
вински оцет

Напиши коментар