Мода

Ивана Кнез ветува одлично ДРАМАтично освежување

Во се што работи, било да е дизајн на облека, накит костими или моден консалтинг внесува театралност. Повpзaнаостa со овој емотивен креативен импулс резултира со брендот “Драма. Немирниот уметнички дух на македонската модна дизајнерка Ивана Кнез постојано трага по нов израз на форма и сцена. Токму таквиот дух е заслужен за успешноста на минатата 2012 година, која и беше доста плодна, изобилувајќи со многу колекции, излагања, соработки и што е најважно исклучително задоволна клиентела.  За новата 2013, има подготвено многу изненадувања кои брендот “Драма” полека но сигурно го развиваат во не само домашен, туку и светски бренд. Освен во Хаг, од 1ви март овој бренд ќе е застапен и во престолнината на нашиот северен сосед, Белград. Само еден месец подоцна,  Драма ќе се појави и на Модниот викенд во Скопје, преку соработка со веќе етаблираните модни имиња на овие простори, Мила Кадриу и Јована Филиповиќ, а во мај најновата колекција на Ивана Кнез, ИНТАКТА ќе можете екслузивно да ја најдете во продажба на интернационалниот сајт www.bastetnoir.com.

Оваа недела брендот Драма гордо го слави својот 3ти роденден. во новоотворената концепт продавница во Блеград, спонзорирана од гигантите Смирноф и Давидоф, лоцирана на престижната Кнез Михајлова. Но забавата не застанува тука, следува продолжение во култниот белградски клуб КРУГ.

Доколку сакате мода, Ивана Кнез, во 2013 ветува одлично ДРАМАтично освежување.

247366_1912044373578_4262468_n.jpg

251559_1912044893591_6968180_n.jpg

5

2

3

1

4

Напиши коментар