Ламар Одом, проблематичниот НБА кошаркар и сопругот на Клои Кардашијан, повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите. Се чини дека проблемите на Ламар со дрогата стануваат се полоши, а тоа може да се заклучи и од видеото кое го објави TMZ, а во кое Ламар лошо рапува за дрогата, парите кои ги заработува надвор од кошарката, и за изневерувањето на сопругата Клои Кардашијан.
Неспретниот Одом во “песната” вели дека се дрогира за да ја отстрани болката, а на едно место го споменува и Кание Вест. Едвај ги изговара речениците, а ги довршува со помош на кошаркарот Jamie Sangoutha. Видеото е долго три минути, а се претпоставува дека е снимено овој месец. Најшокантниот дел е оној каде Ламар вели како е во игра кога Клои ќе го напушти градот, при што се мисли на тоа како ја изневерува.
Во моментов Клои се наоѓа во Австралија каде ја промовира својата најнова модна колекција Кардашијан.
http://www.youtube.com/watch?v=xgDGlWegPC8
