ШоуБиз

ИЗЛОЖБА НА 24ТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОБАСКЕТ 2013 ПРЕД СПОМЕНИКОТ ПЛЕЧНИК

Групацијата Триглав делува во седум од земјите кои се борат за круната на Европското кошаркарско првенство 2013

 

Почетокот  на Европското првенство во кошарка 2013 освен со официјалниот прием за медиуми, беше одбележан и со отворањето на изложбата на официјалните дресови на репрезентациите – учесници на Евробаскет 2013, кои што се борат за титулата најдобра машка кошаркарска репрезентација во Европа од 4ти до 22ри септември годинава. Целта на изложбата, која што ја организираше спонзорот на настанот – Заваровалница Триглав, е да ја претстави Словенија пред европската и светска јавност како држава на многу културни, уметнички и спортски изведувачи.

Предниот дел на деловната зграда на Заваровалница Триглав, која е дело на најголемиот словенечки архитект Јоже Плечник, за време на Европското првенство во кошарка ќе ја разубавува специјална изложба.  Изложбата ќе им овозможи на посетителите на Љубљана и Словенија да ги запознаат официјалните дресови на репрезентациите на 24те земји кои што се квалификуваа на Евробаскет 2013.Целта на изложбата што се одржува на фасадата на Заваровалница Триглав е домашните и странските навивачи да ги запознаат сите репрезентации  и да дознаат многу интересни податоци за нив.

„Целта на спортот е да ги поврзе нациите преку позитивни емоции. Како главен спонзор и официјална осигурителна компанија на најголемиот спортски настан во историјата на незвисна Словенија сакавме да ја претставиме поврзаноста меѓу земјите на специјален начин. Изложба на еден ваков културен споменик каква што е зградата на Плечник му дава специјален шарм на спортскиот настан“, изјави претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, г. Андреј Слапар. Тој додаде: „Спонзорирајќи го Евробаскет 2013, Заваровалница Триглав ги поврзува навивачите и вработените во Групацијата Триглав, која има свои претставништва во седум земји што учествуваат на Евробаскет 2013. Ова е и исто така нашето најголемо меѓународно спонзорство кое што ги поврзува нашите претставништва во средна и југоисточна Европа во единствена кампања. За прв пат сите вработени и клиенти на Триглав се истовремено и подеднакво дел од заедничката регионална приказна ’Безброј навивачи, една осигурителна компанија‘.“

Г. Камил Новак, генералниот секретар на ФИБА Европа, го изрази своето задоволство да ги пречека претставниците на медиумите на 38то издание на Евробаскет: „Промотивните активности кои ги спроведе локалниот Организациски комитет при подготовките на овој настан, приредувањето на една игра на земја, а друга на словенечкиот брег, се пример за тоа колку време и енергија се инвестирани во него. Сигурен сум дека ова ќе биде Евробаскет што најмногу ќе се памети досега. Да се биде домаќин на настан во една мала земја како Словенија има свои предности. Навивачите можат да патуваат меѓу градовите и да присутвуваат на повеќе натпревари на различни локации во денот. На крајот, навивачкиот дух и боите кои што тие ќе ги донесат со себе во спортските арени се она што го прави успешен овој настан.“

 

За Групацијата Триглав

Матичната компанија на Групацијата Триглав е Заваровалница Триглав со седиште во Љубљана. Групацијата Триглав делува во седум европски земји и на осум пазари: Словенија, Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија. Седиштето на Заваровалница Триглав се наоѓа во зградата на архитектот Јоже Плечник во Љубљана. Заваровалница Триглав се грижи за новите генерации клиенти повеќе од 110 години со своето знаење, искуство и финансиска моќ, оправдувајќи ја довербата дека Триглав најдобро ќе се погрижи за нивната финансиска безбедност и иднина. Заваровалница Триглав и нејзините претставништва нудат неживотно, животно, дополнителни доброволни пензиски и здравствени осигурувања.

Заваровалница Триглав и нејзините претставништва за специјална кошаркарска атмосфера подготвија особено атрактивен избор на имотни осигурувања во текот на Евробаскет 2013. Тие се нудат во сите седум земји.

Otvoritev razstave dresov reprezentanc udelezenk Eurobasket 2013 / Opening of exhibition of dresses of teams competing at Eurobasket 2013.

 

Напиши коментар