ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*4 јаболки
* 3 лажичиња цимет
* 3 лажичиња кафеав шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измиете ги јаболката и исечете ги на тенки кругови, без да ги лупите.
Ставете ги во тава, во која предходно сте ја обложиле со хартија за печење. Одозгора поросете ги со цимет и шеќер, а потоа “исушете” ги во рерна на 80 степени, околу 2 часа – додека станат крцкави.
