← НАЗАД НА БОЗА

Јагоди со крем од маскарпоне

Јагоди со крем од маскарпоне
863 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*500гр јагоди

*55гр шеќер

*3 лажици балсамико оцет

*250гр сирење “маскарпоне”

*2 лажици шеќер во прав

*1 лажиче есенција од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги миеме и ги сечеме јагодите на тенки парчиња.
  • Во еден сад ги мешаме јагодите, оцетот и шеќерот. Го покриваме садот и го оставаме во фрижидер околу 20 минути.
  • Во меѓувреме, во мал сад го мешаме сирењето маскарпоне, шеќерот во прав и есенцијата од ванила.
  • Земаме 4 чаши за сервирање. Ставаме малку од смесата со јагоди, одозгора маскарпоне и така до врвот на чашата.
  • По желба на врвот декорираме со јагоди.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk