Мерцедес сака да ги покаже сите можности на дизајнерскиот тим, како што тоа го направи во Монако, каде што претстави макета на луксузната јахта. Јахтата наречена “Arrow460 – Granturismo”, е со сребрена боја. Дизајнот го имитира легендарниот болид на формула 1. Самиот концепт е развиен во соработка со компанијата “Silver Arrows Marine”, кој планира да се претвори во реалност. Макетата е долга околу 15 метри. Јахтата ќе се движи со помош на два дизел мотори, кои ќе и овозможат замав од 40 јазли. Цената за овој луксузен брод е 1,25 милиони евра.




