ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
60гр сланина
6 јајца
1 лажиче сол
малку бибер
10 гр млад кромид
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Покријте ја тавата за печење со харија и ставете ги лентите сланина. Ставете ги во загреана рерна на 180 степени 10-15 минути. На овој начин ќе го одстраните вишокот на масти од сланината и освен тоа ќе може полесно да стои во потребната форма.

Ставете ја испечената сланина во форми за мафини и не ја исклучувајте рерната.

Во секоја кошничка од сланината ставете по едно јајце, сол и бибер.
Ставете ја формата за мафини во рерна и печете околу 15 минути. При сервирање по желба ставете и ситно исецкан млад кромид.

