Jimmy Choo е бренд кој ја представува дефиницијата за гламур и неверојатното чувство за стил…
Денеска, брендот Jimmi Choo создава широк спектар на производи како што се впечатливите женски обувки, ташни, очила за сонце, парфеми и машки обувки. Креативниот директор на компанијата, Sandra Choi, имала визија да создаде угледен бренд кој ќе представува препознатлив статусен симбол во светот на модата, и дефинитивно заедно со самиот креатор успеала во тоа. Jimmy Choo има дури 140 бутици во 32 земји ширум светот и тоа во најлуксузните и најпрестижните делови од градовите.
Оваа сезона Jimmy Choo во колекцијата за пролет/ лето 2013 припреми неверојатни модели на обувки кои се идеални за модерните, елегантните и мажите со стил.