Седиш со другарките и слушаш како се жалат: “Велат дека вистинските мажи не исчезнале, туку се покрај вистинските жени. Добро де, јас сум вистинската жена, тогаш зошто не го среќавам принцот?”
Па кукло, зошто да го чекаш принцот кога можеш да се задоволиш и со фудбалер! Бидејќи,едно е да имаш цицки, сосема друго е да си вистинска жена! Втората се одликува со тоа…
Шармот на вистинска жена извира од нејзините манири, а не од чантата и чевлите!
Вистинската жена е од класа, а не со S класа!
Вистинската жена секогаш изгледа скапо, без разллика колку евтина е нејзината гардероба!
Вистинската жена не е садист. Таа никогаш не би го затворила малото кутре во женска чанта.
Вистинската жена знае исто така дека “моќ” не се пишува со шест нули позади!
Вистинската жена никогаш, апсолутно ниукогаш не се прашува каде исчезнал вистинскиот маж, бидејќи тој најверојатно спие во нејзиниот кревет!
Вистинската жена е убедена дека сексипилноста не е оправдување за незнаењето и неписменоста! Всушност за неа сексипилот дури не е квалитет, туку прашање на гледна точка!
