Вљубениот пар ја отпразнува бурно новогодишната ноќ во Лас Вегас, а според гласините само за една вечер спечалиле некаде околу 500 000 долари.
За вечерта Ким беше облечена во креација на Џулиен Мекдоналд што идеално ги истакнува нејзините секси облини.
И покрај тоа што оваа година ќе бидат родители, тоа не значи дека ќе ги запостават своите работни обврски и ангажмани.
Наместо да ја прослават новата година во интимна атмосфера, ѕвездите решија да се појават на елитната забава во клуб Оак.