Кафето има репутација на многу пријатен но не и полезен пијалок. Но за среќа на сите што не можат да го почнат денот без кафе, британско пручување го разби на прав и пепел таквото тврдење.
Се докажа дека кафето има неколку многу важни полезни својства за здравјето. Го намалува ризикот од рак на простатата, диабет, Паркинсон, Алцхајмер и др. Освен тоа го продолжува животот особено кај жените. Врската помеѓу конзумацијата на кафе и должината на животот произлегува од фактот дека кафето е моќен антиоксиданс. Како и на способноста да го намали ризикот од сериозни заболувања.
За оптимална доза науката вели дека е до 4 шољи кафе на ден при што советуваат да не се конзумира помалку од 2. И покрај тоа што проучувањето има извесни критики, ние сме спремни да му веруваме. Не само затоа што повеќето луѓе над 70 годишна возраст признаваат дека редовно пијат кафе, но и поради фактот дека страшно многу го сакаме.