Art & Crafts

Кај ларингит – инхалации со камилица

Ларингитисот не е само болест која ги погодува луѓето со чувствителни горни дишни патишта. Во принцип болеста е поврзана со вкупното воспаление на горните дишни патишта, носот, душникот, бронхите. Причините кои можат да доведат до ова заболување се различни.  Тоа може да биде настинка, пиење на ладна вода или други ладни течности, потење и замор, премногу силно оптоварување на гласот, а исто така и вдишување на иритирачки прашоци, грип, мали сипаници итн.

За лекување на ларингитот во домашни услови многу помагаат инхалациите со цвет од камилица.

Еве како да направите инхалација: Зовриете 500мл вода и кон неа додадете една лажичка суви цветови од камилица, една лажица мед и една чаена лажичка сода бикарбона. Покријте ја главата со крпа и наведнете се над садот со врелата мешавина. Вдишувајте од пареата околу 15 минути. За мали деца до 6-7 години времетраењето е не повеќе од 5 минути.

Напиши коментар