Кардиолозите го нарекуваат какаото сладок аспирин зошто ги поседува сите полезни својства на аспиринот но без да има нус ефекти како и секое друго лекарство.
Освен тоа моќните антиоксиданси што ги има во какаото се добро познати веќе долго време и нивните неверојатно полезни ефекти врз целосната здравствена состојба на човекот. На пример во 50 гр црна чоколада има иста количина атиоксиданси колку во 15 чаши свежо цеден сок од портокал или јаболко.
Полезните супстанции во какаото помагаат и за правилно снабдување на мозокот со крв, ја подобруваат меморијата и нивото на енергија.
Најдобрата вест за нас жените е фактот дека какаото ја спречува појавата на брчки ако редовно се конзумира. Експертите откриле дека супстанцијата кокохил што ја има во какаото ја активира регенерацијата на клетките на кожата. Затоа тие препорачуваат да пиеме редовно чаша до две дневно топло какао.