Многумина од нас често ќе се фатат како и понатаму одат по ходниците на минатото, размислуваат за поранешните партнери или пријатели. Но, за да можеме да водиме среќен живот во сегашноста неопходно е да се решиме од опашките кои ги влечеме од минатото и да продолжиме со животот.
Сеќавања
Многумина често размислуваат за поранешниот партнер, за она што заедно го доживеале, се присетуваат на навикете на партнерот, неговите фрази, неговата насмевка… но, за да продолжите понатаму морате да престанете непрестано да се подсеќате себеси на минатите случувања. Сеќавајте се на убавите работи, но и на оние лошите,затоа што токму тие ќе ве подсетат на тоа зошто повќе не сте во врска.
Уверете се самите себеси
Најверојатно сте ја слушнале фразата – кога некој ќе замине од нашиот живот тоа е затоа што некој друг треба во него да влезе или кога една врата ке се затвори, друга се отвора. Повторувајте ги овие фрази и набрзо ќе сватите дека сте оптимисти и ќе ви биде многу полесно да продолжите понатаму.
Запознавајте нови луѓе
Најдобар начин да продолжите понатаму е да запознавате нови луѓе и да стекнете нови пријателства. Кој знае, можеби меѓу нив се крие и нова љубов.