Art & Crafts

Како да ја поминете зимата без настинка и без да ги зголемите килограмите?

За да се чувствувате добро и да останете во форма, не тереба да бидете на диета, можете да користите зачини кои ќе ви помогнат во одржување на линијата.

Црн бибер

Еден од зачините кои се наоѓаат во вашата кујна може да биде сојузник против таложење на килограми во текот на наредните празници. Црниот пипер содржи пиперин, кој помага во спречувањето на создавање на нови масни клетки, откри една неодамнешна студија.

Цимет

Циметот од друга страна им помага на мускулите да се опорават по голем напор. Жените кои консумирале лажица цимет секој ден во текот на шест недели, успеале да ја намалат болката во мускулите после вежбање, според една студија објавена во списанието за превентивна медицина.

Ѓумбир

Не само што ќе ви помогне при болки во абдоменот, туку ќе направи да се чувствувате сити и ќе ги стопи вишокот на калории. Дебелите мажи кои за време на појадокот пијат чај од ѓумбир, јадат помалку во текот на денот од оние кои не консумираат од овој чај.

Ванила

Мирисот на ванила може да ви помогне да ја контролирате желбата за слатко. Испитаниците кои носеле фластер со мирис на ванила еден месец, го намалиле конзумирањето на слатко на половина, додека оние кои носеле флестер со мирис на лимон или пак не носеле никаков, не покажале промени во исхраната.

 

Write A Comment