Штом есента стапи во својата тримесечна сезонска функција, ќе биде потребно да го зајакнеме имунитетот навреме, за да ја спречиме инвазијата на секакви грипозни состојби и да сме “челични” против настинките.
Потребни производи:
*1,5-2 литри вода
*1/2 краставица ситно исечкана
*1 лимон ситно исецкан
*1/4 чаша листови од босилек
*1/3 лисја од нане
Начин на подготовка:
Истурете ги сите состојки во котел и оставете ја течноста да отстои една ноќ во фрижидер.
Пијте од пијалокот по 2-3 чаши дневно.