Здраво тело

Како да приготвите домашни лекови против кашлица?

Многумина од нас ќе потврдат дека бабините и народните рецепти се доволно ефикасни при кашлица и настинки и затоа во некои случаи може да бидат успешна алтернатива на традиционалните лекови.

Денеска ќе ви понудиме три од нив, најчесто користени при симптоми на кашлица.

Домашен сируп

Се приготвува врз основа на 250мл пиво, кон кое се додаваат 100гр шеќер и еден претходно измиен, исчистен и по желба рендан или бланширан лимон. Кога ќе се измешаат, состојките се варат на пареа околу 30 минути. Откако ќе се сварат се процедуваат. За да се зајакне терапискиот ефект на сирупот, се додаваат 2 лажици алкохол – коњак, рум, мастика, благодерение на кој садовите и најмногу бронхите се прошируваат. Дозата на домашниот сируп против кашлица се определува во зависност од нејзината сила – по една лажица се зима на секои 15, 30 или 60 минути.

Орехите се оказват ефикасни и при симптоми на кашлица

 

Лековит чај

Три скршени ореви се варат во 400мл вода. Откако ќе се сварат се додава 1 лажичка босилек. Течноста се враќа повторно на оганот и се вари уште 10 минути. По желба се засладува со шеќер.

Пијалок со вино

За подготовка се потребни околу 750мл бело вино, 200гр кромид и околу 100гр мед. Кромидот се ренда, а потоа состојките се мешаат и се оставаат да отстојат 5 дена. Потоа смесата се цеди.

Бялото вино в комбинация с мед и лук върши чудеса при наличие на кашлица и възпалено гърло

Белото вино во комбинација со мед и кромид прави чуда при присуство на кашлица и болно грло

Напиши коментар