Колку и да му се радувате на тој ден и со нетрпение го чекате датумот на венчавката веруваме дека сепак сте под стрес. Пронајдовме за вас неколку совети како да се ослободите од стресот пред венчавката.
Слушајте ја омилената музика, бидејќи таа научно докажано го намалува стресот.
Јадете здрава храна која ќе влијае на смирување на вашите живци.
Одете на часови по јога пред венчавката, бидејќи таа сигурно ќе ви помогне.
Пијте зелен чај, бидејќи ќе ви помогне да се опуштите.
Истражувањата потврдија дека вежбањето на телото е совршено да го победите стресот.