Првото и основно правило за секоја жена која држи до својата убавина и младост е: “Обезбеди си добра хидратација”!
И, девојки, дури и да користите најдобри навлажнувачки козметички средстава, тие нама да го имаат посакуваниот резултат, ако не му обезбедите на телото доволно вода.
Ние сме вода! Знаете, телото е изградено од 70-75% вода. Па, правилното функционирање на секоја клетка на нашето тело зависи од прозрачната течност. Затоа е исклучително важно да му ја обезбедиме на организмот во големи количини.
Научниците пресметале дека препорачаната дневна количина е 3 литри. А една 42-годишна британка Сара докажа дека ако ги пиеме редовно, можеме да се подмладиме. Нејзината приказна е многу љубопитна…
Сара раскажува дека пред неколку години пиела не повеќе од 1 литар вода на ден. Еден ден сепк решила да почне да го почитува правилото утврдено од специјалистите и да пие по мининум 3 литри вода. Таа почнала да го прави тоа како личен експеримент кој траел 1 месец. Резултатаите биле неверојатни!
“Јас имам 42 години, но да бидам искрена, пред почетокот на мојот експеримент изгледав како да имам 52. Имав темни кругови под очите, кои ме правеа да изгледам истоштено. Брчките ми се забележуваа од километри, а исто така имав и црвенкасти дамки по лицето. Кожата ми беше без никаков сјај, а усните испукани. Изгледав како мртовец – вели Сара.
Таа додава дека само по еден месец редовно пиење на големо количество вода, таа се чувствувала и изгледала 10 години помлада!
Па, вреди да пиете повеќе вода, нели? Во најмала рака нема што да изгубите, но пак може да заработите многу.
