Убавина

Како да си направите “Омбре” фризура?

Омбре стилот на косата несомненео стана вистински хит! И покрај тоа што за оваа фризура би ве советувале да му верувате на вашиот омилен фризер, сепак за најхрабрите кој сакаат да експериментираат, имаме едно видео.

Решивме да го споделиме со вас, бидејќи техниката за правење на “Oмбре” фризура се покажа многу прецизна и резултатот е чудесно непречено прелевање на 3 бои.

Нема да ве лажеме – не е лесно да се постигне овој ефект во домашни услови и дефинитивно не ви препорачуваме да го направите сами. Најдобро е да повикате некоја пријателка и да си направите женска “Омбре” забава. За таа цел ќе ви бидат потребни 3 бои фарби за коса. Прекрасен ефект се добива со нијанси на костенлива, светло костенлива и руса. Ќе ви требаат и три сада во кои ќе ги измешате боите и три различни четки со кои ќе ги нанесувате. Потребни ви се и ракавици, ленти од алуминиумска фолија, чешел и штипки за коса… И можете да почнете.

Оваа фризура е најпогодна за жени со потемна коса, кои сакаат да ги осветлат краевите.

И така треба да ја поделите косата на 3 дела, бидејќи секоја од нив ќе ја обработувате на различен начин. За најгорниот дел од косата користете просечна и најмногу светла боја.

А како точно треба да ги нанесувате боите ќе дознаете од видеото кое ви го подготвивме.

Напиши коментар