Art & Crafts

Како да живеете без да жалите?

Има работи за кои секој од нас жали. Работи што би ги направил поинаку или воопшто не би ги направил. Додека старееме ние растеме и учиме. Но тоа не значи дека треба да се каеме. Ако не ги поминевте овие работи, можеби немаше да се претворите во овие силни луѓе кои сте денес. Затоа ви нудиме да се ослободите од негативните мисли, да престанете да се прашувате “А што ќе се случеше ако…”, туку да почнете да живеете, без да жалите за него.

  • Сватете дека е нормално да правите грешки. Едноставно научете од минатите грешки, простете си и продолжете напред.
  • Стевете го здравјете на прво место и секогаш бидете сигурни дека сте способни да се грижите за другите.
  • Пронајдете забава во животот и смејте се, како да нема да има утре.
  • Опуштете се и движете се по течението на животот, без да се плашите од промена.
  • Бидете авантуристи, пробувајте нови работи и внесувајте нови ризици.
  • Не престанувајте да се развивате интелектуално и креативно.
  • Не дозволувајте мислењето на другите луѓе да влијае премногу на вас.
  • Обидете се да не им судите на луѓето пред да ги запознаете.
  • Бидете благодарни за она што го имате сега, наместо да мислите на она што го немате.
  • Бидете добронамерни кон сите, радувајте се на туѓата среќа и не завидувајте.
  • Споделете ја среќата со другите.
  • Не се обидувајте да промените некого – сакајте го таков каков што е.
  • Уживајте во патувањето, а не само во дестинацијата.
  • Знајте дека вистинската среќа е поголема од било која банкарска сметка.
  • Контролирајте ги негативните мисли, па тие нема да влијаат на вашиот живот.
  • Бидете храбри. Најдете храброст да ги промените работите кои треба и прифатете го фактот дека постојат работи кои едноставно не може да ги промените.
  • Не губете време обидувајќи се да им се допаднете на другите.
  • Станете човек, со кого сакате да го поминете остатокот од животот.
  • Однесувајте се кон луѓето со почит и сочувство.
  • Никогаш не бидете злопамтило.
  • Исправете се пред своите стравови и обидете се да ги направите работите за кои мислите дека не можете.
  • Поминувајте повеќе време со луѓето кои ве прават среќни.
  • Бидете сигурни во себе и не дозволувајте на никого и ништо да ве запре.
  • Бидете учесник во животот, а не набљудувач.

 

 

 

Write A Comment