Убавина

Како до здраво и убаво тело?

Без разлика дали имате проблеми со килограмите, дали сте од оние кои вечно се на диета, или пак сте од оние среќните, на кои ништо не им се “лепи”, следниве совети ќе ви бидат од корист!

–          Обидувајте се да го џвакате секој залак барем 25 пати.

–          Доколку одите на некоја забава кде што има изобилство од храна, изедете две тврдо варени јајца пред да излезете. Тие ќе ви создадат чувство на ситост и полесно ќе одолеете на искушението.

–          Барем едно јадење во денот треба да се состои од зеленчук.

–          Јадете најмалку еднаш неделно варен ориз, без маснотии.

–          10-20 минути пред јадење испијте две чаши вода. Така ќе се чувствувате сити, односно ќе јадете помалку. А и сама по себе, водата е многу корисна!

–          Секогаш имајте сушено овошје при рака! Доколку огладнете помеѓу оброците или ви се јаде слатко, тие се добра опција.

–          Јадете јаболки. Тие се одлична храна! Заситуваат, ги смируваат нервите, го подобруваат варењето и се полни со витамини.

–          Намалете ја солта барем на половина! Таа е еден од главните фактори организмот да држи вода.

–          Намалете го алкохолот! Дозволете си 2-3 чаши вино еднаш седмично. Но избирајте суво вино со помалку шеќер.

–          Спортувајте! Ако немате време – прошетајте се! Или пак наоѓајте причини почесто да излегувате од  дома.

Напиши коментар