Британското списание Brides Magazine ги праша своите читателки како изгледа венчаницата од нивните соништа. Во анкетата веднаш се вклучија илјади дами и ете денес одговорот е јасен – најпосакуваната венчаница во Велика Британија е токму онаа која ја гледате на фотографиите.
Списанието веднаш се зафати со изработка на венчаницата, создадена од соништата и желбите на читателките. Па денес таа е факт, благодарение на дизајнерката Стефани Алин.
Има, меѓутоа еден детаљ, имено оваа венчаница е проценета на цели 15 илјади британски фунти. Според Brides Magazine и Стефани Алин високата сума сепак нема да биде пречка за дамата која ја сака, бидејќи во спротивно на оваа цена таа ќе добие уникатна свадебена тоалета, изработена целосно од чипка, свила и шифон, кој совршено се вклопува на секоја фигура.


