Art & Crafts

Како нашите усни да изгледаат поголеми? Без помош на скалпел и силикон

Која ли дама не сака да има полни и примамливи усни, но малку се оние кои решаваат да прибегнат кон прилично драстични мерки за да го постигнат овој ефект. Но сепак, не секоја жена е подготвена да прибегне кон овие прилично екстремни методи за да има поголеми усни. Понекогаш многу добар ефект може да биде шминката.

Денеска ќе ви покажеме една сосема елементарна техника за тоа како да ги направите усните да изгледаат дебели.

Првиот чекор е да се снабдите со соодветен вазелин или балсам за усни и чиста четка за заби. Нанесете од балсамот на усните со помош на четката. Движете ја четката масирајќи ги усните, но без притисок. Целата на оваа вежба е да се подобри циркулацијата на крвта во овој дел на лицето и да ги направи усните поголеми.

Потоа со молив за усни, нијанса потемен од карминот внимателно исцртајте ја контурата на устата. Треба само малку да излезете од усните, но не премногу.

Нанесете кармин со помош на четка, а по него сјај. Целта му е да даде волумен и густина.

 

 

 

 

Write A Comment