Bridal

Какво е значењето на бурмите?

Бурмите, кои во зависност од културата се носат на третиот прст на десната рака или левата рака, означуваат дека личноста е во брак. Бурмите своето потекло го имаат во Европа, но денес се проширени насекаде во светот. Најпрво бурми носеле само жените, но во 20 век традицијата на носење бурми се прошири и со посилниот пол.

Според традицијата, бурмите се последниот подарок кој младенците си го даваат еден на друг. Бурмите се разменуваат откако младите ќе се заколнат на вечна љубов. Доколку невестата има веренички прстен, таа најпрво ја носи бурмата, а веднаш до бурмата и вереничкиот прстен.

Според традицијата, бурмите не само што ја означуваат вечната љубов, туку исто така означуваат обележје дека личноста е веќе зафатена. Порано размената на бурми означувала размена на вредни подароци со која семејствата ја осигурувале економската добросостојба на младенците.

Во некои традиции, како на пример во Индија, се разменуваат ножни прстени. Во други традиции, на секоја важна годишница се дава нова бурма (на пример, на 25 годишницата од бракот се разменуваат сребрени бурми).

Бурмите може да бидат во различни форми и модели, со или без скапоцени камења. Важно е да изберете бурми кои ќе може да ги носите секојдневно, бидејќи според традицијата, бурмите не треба да се вадат од рака.

 

Напиши коментар