Здраво тело

Камилица за душата и телото

Камилицата е еден од најважните представници на лековитите билки. Оваа билка може да влијае на вашиот добар изглед, но и добро расположение. Еве неколку едноставни и  делотворни совети.

Чајот од камилица

Чудотворниот пијалок кој ги ублажува разните  запаленија, воедно делува и како антисептик. Го смирува надразнетиот желудник, телото и духот по завршувањето на напорниот и стресен ден и помага кај несоницата и менструалните болки. Доколку сте нервозни или потиштени, оваа билка сигурно ќе ви помогне. Доколку го искористите овој чај за да направите облоги за вашите очи, резултатот е свеж и одморен изглед.

Купка со етерично масло од камилица

Со благ и пријатен мирис, етеричното масло од камилица го смирува умот и го опушта телото. Направете за себе купка со десет капки масло и малку мед па уживајте во релаксацијата. Купката ја смирува иритираната кожа која е склона кон алергии, додека сувата кожа ја прави помека.

Инхалација

Исто така, неколку капки од маслото од камилица можете да го искористите и за инхалација, доколку сакате да ја ублажите главоболката или забоболката.

Масажа

Ова масло можете да го користите и за масажа на воспалените мускули и зглобови.

Напиши коментар