ШоуБиз

Кание не сака да се ожени со Ким

Кание Вест не сака да се ожени со бремената Ким Кардашијан, за да ја заштити својата банкарска сметка.

Според извори раперот кој е заедно со убавата бринета повеќе од една година, не сака да се врзува легално за неа, за да ги заштити своите финансии. Освен парите кои би ги потрошил за свадбената церемонија, Кание сакал да ги избегне и евентуалните трошоци за можниот развод.

Извори откриваат дека Ким била буквално опседната од шопинг и трошела по 350 илјади долари месечно за модни набавки, а Кание не сакал неговите пари да се фрлаат неселективно во ветeр, бидејќи тој ги заработил со труд и со пот на челото.

 

Напиши коментар