Раперот Каније Вест ја запросил Ким Кардашијан само неколку дена после раѓањето на нивната ќерка Норт Вест.
Иако медиумите неодамна шпекулираа со веста дека Каније не е спремен за брак, всушност тој се уверил дека Ким е вистинската жена за него кога видел колку била храбра во текот на комплицираниот и тежок пораѓај.
Раперот и подарил дијамантски прстен вреден половина милион фунти. Медиумите првично ова го протолкуваа како благодарност од негова страна што му подари ќерка, но сега веќе се знае дека со прстенот ја запросил.
