Минди Мекриди, америчката пеачка,изврши самоубиство,соопшти полицијата.
Полициската служба на америчката држава Арканзас, изјавила дека пеачката починала од “рана која себе си ја нанела со огнено оружје”. Пеачката и предходно во два наврати пробала да изврши самоубиство, а познато е и дека имала проблеми со прекумерно земање на лекови и алкохол.
Таа извршила самоубиство неколку недели по смртта на нејзиното момче и татко на нејзините два сина – продуцентот Дејвид Вилсон, чија смрт е сеуште предмет на истрагата. Пеачката негирала било каква вмешаност во неговата смрт. Инаку, Минди се убила на истото место каде било усмртено и нејзиното момче.
Нејзините два сина – шестгодишно и бебе од девет месеци – биле одведени од нејзината куќа на почетокот на месецот,кога и било наредено да оди на рехабилитација, од каде што излегла пред неполни седум дена.