Кавијар маникирот е виден на многу ревии, но сега освен звездите овој маникир го носат и девојките кои држат до својот изглед.
Кавијар маникирот е тродимензионалана тахника на украсување на ноктите со ситни бисери. Овој маникир можете и самите да го направите, а ние ќе ви дадеме неколку совети за да ви помогнеме.
Ноктите треба да ги украсувате еден по еден. Лакот го нанесувате во два слоеви, а додека чекате вториот слој да се исуши, на ноктите посипете ги ситните бисери.
Кога бисерите ке се залепат на вашите нокти, благо притиснете за да ги причврстите за лакот.
Морате да почекате 15-20 минути а потоа можете да ги покажете своите нови нокти.