ШоуБиз

Кејт и Вилијам, одмор на островот Мистик

Британскиот престолонаследник Вилијам и неговата сопруга Кејт, одлучија да го поминат одморот на островот Мистик кој се наоѓа на Карипското море. Познатиот брачен пар, кој во јули ја очекува својата принова , ќе одмара во друштво на родителите на Кејт, сестрата Пипа и братот Џејмс. На располагање ќе им биде луксузна вила која е одалечена од главниот пат, а мерките на безбедност ќе бидат многу строги, така што ќе можат да уживаат во мир. Ова е втора заедничка посета на Вилијам и Кејт на ова острово, а и членовите на семејството Мидлтон  во неколку наврати го имаат посетено ова занимливо место. Споменатото острово, инаку, својата популарност помеѓу туристите ја има стекнато во седумдесетите години на минатиот век, бидејќи таму принцезата Маргарита, роднината на Вилијам често одела на одмор и организирала големи забави за пријателите.

Напиши коментар