Кејт Мидлтон успеа да ги разбие сите стереотипи, кои со години владеат во кралските семејства. Сопругата на принцот Вилијам повеќепати му покажа на светот дека може да изгледа исто толку убаво и со гардероба и додатоци со не толку високи цени. Вчера Војвотката од Кембриџ се појави на гламурозната премиера на филмот “Mandela:Long Walk to Freedom”, за која имаше одбрано одлична тоалета од Roland Mouret која ја облекува по втр пат во јавноста. Најсилен впечаток на сите сепак им остави герданот, со кој Кејт го имаше искомбинирано фустанот и кој и даваше сјај на целата нејзина визија. За настани на црвениот тепих познатите личности обично се опсипани со дијаманти од милиони, но Кејт сепак се одлучила за аксесоар од предлозите на Zara со скрома цена од 19,99 фунти.

Премиерата на филмот се совпадна со тажната вест за смртта на Нелсон Мендела, за која кралското семејство беше информирано малку пред крајот на филмот.



