Убавата глумица Кејти Холмс за прв пат по разводот од Том Круз, видена е на состанок со момче.
Како што пишуваат американските медиуми, Кејти е видена со продуцентот Рик Шварц на романтична вечера.
– Изгледаше опуштено и прекрасно. Одлично се забавуваше и не престана да се смее- открил изворот.
Кејти и Том Круз беа во брак пет години и ја имаат малечката ќеркичка Сури. Се разведоа пред помалку од една година.
